Свет 18. мај 2019. / 21:14

Курц побара вонредни избори во Австрија поради корупциската афера

Курц побара вонредни избори во Австрија поради корупциската афера

Австрискиот канцелар и лидер на Народната партија Себастијан Курц вечерва изјави дека ќе бидат распишани предвремени избори.

Му предложив на претседателот денеска да одржи вонредни избори во Австрија што поскоро – рече австрискиот канцелар.

Курц на ваков чекор се одлучи по видео-скандалот со вицеканцеларот Хајнц- Кристијан Штрахе.

Претходно вицеканцеларот фатен како се договара за мито даде оставка.