Свет 05. јуни 2019. / 10:16

Кумановец доби два ордена за храброст во Германија

Кумановец доби два ордена за храброст во Германија
Bayerns Ministerpraesident Dr. Markus Soeder verleiht Rettermedaille 2019. aufgenommen am Mittwoch 29.05.19 in Muenchen; Foto: Joerg Koch/ Bayerische Staatskanzlei Fotograf: Joerg Koch [email protected]; +49-175-1815173;

Кумановец кој живее и работи во Минхен, Германија, награден е со највисоки признанија за храброст во сојузната покраина Баварија, затоа што спасил човек од сигурна смрт. Роберт Пешиќ (38), кој работи како медицинско лице во локална патронажна служба, на раце го изнел Германецот Кристијан додека во неговиот стан беснеел голем пожар. За овој исклучителен подвиг Роберт е награден со две највисоки државни признанија за храброст, лично од премиерот на Баварија Маркус Содер, пишува СДК.МК.

Наградите му биле врачени на 29 мај на свечена церемонија во премиерската резиденција во Минхен, во присуство на македонскиот конзул Сашо Аврамовски, заедно со уште стотина други спасувачи од целата сојузна покраина кои во 2017 и 2018 се истакнале со лична храброст. 43-ца добиле Баварски медал и 59-мина медал Кристофер, додека само Роберт и уште еден човек ги добиле двете признанија. Баварскиот медал се доделува на лица кои спасиле живот ризикувајќи го сопствениот, а Кристофер за спасување на луѓе во тешки околности.

Конзулот Аврамовски ни рече дека ова е првпат македоснки државјанин да добие вакво престижно признание во Германија. Подвигот на Роберт се случил на 5 август 2017 во пладневните часови. Кога заминал на работа и не претпоставувал дека ќе се најде во исклучително драматична ситуација.

Како и секој друг ден заминав во посета на еден наш пациент да му дадам терапија. Кога стигнав пред зградата видов кола на Брза помош, а потоа забeлежав дека станот во кој требаше да одам гори. Без размислување втрчав внатре, но од густиот чад ништо не можев да видам. Отидов во собата каде што лежеше пациентот и креветот беше празен. Излегов од станот земав воздух и се вратив да го барам по подот. Во третиот обид го најдов блиску до балконот зафатен од огнот. Успеав да го подигнам и да го изнесам. Кога излеговме од станот нозете уште му гореа. Ја соблеков маицата и го изгаснав, но по тело имаше изгореници. Во меѓувреме, пристигна противпожарната единици и двајцата нè однесоа в болница, вели Роберт.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.