Свет 17. ноември 2019. / 10:36

Куба враќа од Боливија 226 свои лекари по оставката на Ево Моралес

Куба враќа од Боливија 226 свои лекари по оставката на Ево Моралес

Група од 226 кубански лекари се враќаат од Боливија во Куба, по одлуката на властите во Хавана за нивното враќање поради промена во боливиската власт.

Претставникот на Интерпол во Боливија, Роналдо Mиљарес, изјави дека полетал авион со 226 кубански државјани и додаде дека сите тие биле лекари кои се враќаат на Куба.

Групата е дел од 726 Кубанци испратени од властите во Хавана за помош на Боливија, но по промената на власта Хавана донесе одлука тие да се вратат на Куба.

Куба и Венецуела досега беа најголеми регионални сојузници на левичарот Ево Моралес, кој пред неколку дена поднесе оставка на функцијата претседател на Боливија, а власта ја презеде десничарската сенаторка Жанин Ањез, која веднаш го призна опозицискиот лидер на Венецуела, десничарот Хуан Гваидо.