Свет 30. јануари 2019. / 20:09

Крвава пресметка на Корзика повеќе од пет лица се повредени

Крвава пресметка на Корзика повеќе од пет лица се повредени

Пет лица се повредени, од кои едно посериозно, за време на престрелка и напад со нож во јужните квартови на градот Бастија на францускиот остров Корзика, јави дописникот на МИА.

Според телевизијата Франс 3 Корзика, напаѓачот се затворил во својот дом, од каде што полицијата се обидува да го извади.

Според првичните информации, станува збор за 70-годишен маж кој отворил оган од засега се уште непознати причини. Не е утврдено дали нападот е поврзан со неговата психолошка состојба.

Пожарникари од Горна Корса веднаш пристигнале на местото на инцидентот.