Свет 22. септември 2018. / 12:31

Крвав инцидент на воена парада во Иран: Убиени осум гардисти (ВИДЕО)

Крвав инцидент на воена парада во Иран: Убиени осум гардисти (ВИДЕО)

Вооружени напаѓачи убиле најмалку осум припадници на елитната Револуционарна гарда и раниле уште 20 лица за време на воена парада во градот Ахваз во Иран.

АП пренесува дека меѓу ранетите се и една жена и дете.Според претходните извештаи на медиумите напаѓачите биле етикетирани како припадници на „Такфирија“ , термин кој во Иран се користи за терористите од Исламската джава.

-Пукањето го започнале неколку вооружени напаѓачи кои се наоѓале зад бината за време на парадата. Неколку луѓе се убиени и ранети, јави дописникот на иранската телевизија од местото на настанот.