Меѓународната полициска организација Интерпол предупреди дека членови на криминални групи користат услуги за испорака на храна како параван за превоз на дрога и други нелегални производи за време на кризата предизвикана од корона вирусот поради која земјите низ целиот свет воведоа рестриктивни мерки.
Од Интерпол соопштија дека примиле извештаи од полициите во Ирска, Малезија, Шпанија и Велика Британија во кои се тврди дека возачите превезувале кокаин, марихуана, кетамин и екстази.
Претходно овој месец, шпанската национална полиција идентификуваше и уапси седум луше облечени како возачи на храна во Аликанте и Валенсија.
Тие, всушност, испорачувале кокаин и марихуана со велосипед, мотор и автомобил во ранци за достава.
Во Ирска полицијата открила осум килограми кокаин, како и два пиштоли скриени во кутии за пица.