Пет лица се полесно повредени кога кран се урна во пристаништето на северниот германски град Росток, соопшти полицијата. Дел од кранот паднал врз бродот во кој имало 120 лица.
Инцидентот се случил при тестирање на дигалката, кој била прикачена за бродот. Портпаролот на полицијата изјави дека повредените добиле помош од спасувачката служба.
Според првичните извештаи, испукал кабелот за време на тестот за голем товар, што резултирало со пад на горниот дел од дигалката врз бродот.
Двајца од петте повредени се пренесени во болницата, соопшти портпаролот на полицијата.