Британските даночни обврзници минатата година платиле повеќе за кралското семејство.
Трошоците се должат на десет годишната програма за адаптација на Бакингамската палата, официјалната резиденција на кралицата.
На финансирање на кралското семејство биле потрошени 45,7 милиони фунти во минатата финансиска година завршена на 31 март. Претходната година билансот на трошоците изнесувал 42,8 милиони фунти.
Многу делови од Бакингамската палата не се сменети од 50 – тите години на минатиот век, па затоа биле потребни обемни зафати за заштита од пожар и поплави , како и за модернизација на самата зграда.
Претставниците на Бакингамската палата навеле дека се зголемени трошоците за плати , патувања и одржување. Трошоците за патувања на кралското семејство се зголемиле од 4,5 на 4,7 милиони фунти . Најскапо било патувањето на принцот Чарлс со принцезата Камила во Индија, Малезија , Брунеи и Сингапур , што чинело 362 000 фунти. Најголем дел од парите биле платени за превозот со авион на Британската кралска авијација.
Принцот чарлс , кој се почесто ја менува мајка си на патувањата , трошел и за патување со воз внатре во Британија. Така , секое такво патување во просекм чинело 20 000 фунти.
Во официјалниот финансиски извештај се наведува и дека кралицата Елизабета II имала вкупно 154 настани во текот на фискалната година , а на настаните во Бакингамската палата биле примени 132 000 гости.