СВЕТКралицата е многу убава жена и од внатре и од надвор, рекол ТрампОбјавено пред 1 минута – 15 јули, 2018Од Mak Fax
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Мејл од сандеј“ изјавил дека планира да се кандидира за реизбор во 2020 година. Тој за 92-годишната кралица Елизабета Втора рекол дека е неверојатна жена која е убава и од внатре и од надвор, пренесе Ројтерс. Интервјуто го водел познатиот британски новинар Пирс Морган.
„Тоа го планирам во целост. Изгледа сите сакаат да го направам тоа“ рекол Трамп, мислејќи на реизбор во 2020 година.
Американскиот претседател, кој беше избран за претседател како кандидат од републиканците, рекол дека не гледа никој од Демократската партија, кој би можел да го победи во 2020 година.
„Не гледам никого. Сите ги познавам и не гледам никого“ оценил шефот на Белата куќа.
Тој изнел детаљи од разговорот со британската кралица, што според Рјтерс е невообичаено. На прашањето, дали со неа разговарал за Брегзит, Трамп одговорил позитивно.
„Разговаравме. Таа рече дека тоа е многу сложен процес, и таа е во право, мислам дека никој немаше претстава колку тоа ќе биде сложено…Сите мислеа дека тоа ќе биде едноставно“ навел Трамп.
„Толку е остроумна, убава, кога велам убава- одвнатре и од надвор. Таа е убава жена“ рекол Трамп.