Свет 16. февруари 2020. / 09:34

Ковид-19 за еден ден однесе 142 животи, над 68 илјади заразени

Ковид-19 за еден ден однесе 142  животи, над 68 илјади заразени

Бројот на починати корона вирусот во Кина достигна 1.665 лица, што е за 142 повеќе од претходниот ден, соопшти денеска националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на нови смртни случаи во централната кинеска провинција Хубеи од епидемијата на новиот коронавирус вчера се зголеми за 139.

Претходно беа потврдени само три смртни случаи надвор од континентална Кина – во Хонг Конг, Јапонија и на Филипините.

Низ цела Кина вчера имаше и нови потврдени инфекции. Вкупниот број на заразени досега достигна 68.500 луѓе.