Свет 16. март 2020. / 10:50

Корона вирусот почестo ги напаѓа мажите од жените, а кај машките има и речиси двојно поголема смртност?

Корона вирусот почестo ги напаѓа мажите од жените, а кај машките има и речиси двојно поголема смртност?

Ширењето на корона вирусот во Италија не престанува, а земјата со преку 20.00 заразении преку 1.500 починати го држи второто место во светот по Кина, откакао се појави овој вирус.

Затоа, тоа што се случува во Италија е добар показатаел и извор на информации за тоа како се шири и како делува вирусот.

Така, анализирајќи ги податоците за првите 803 починати, шефот на дописничката канцеларија на Вашингтон пост во Рим, Чико Харлан, доаѓа до неколку интерсни заклучоци.

Од починатите луѓе, само двајца се под 50 години, а нула под 30 години. Вирусот покажува поголема смртност кај мажите отколку кај жените. Кај луѓето над 80 години, смртноста е 16,6 проценти – објаснува Харланна својот твитер профил.

Што се однесува до полот, 58 проценти од заразените се мажи, а од приложените бројки, може да се види дека има поголема смртност кај мажите, отколку кај жените. Така смртноста кај машките заболени изнесува 7,2 проценти, додека кај женските околу 4 проценти.