Член на советодавниот Совет на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, починал од корона вирус, објави иранското државно радио.
Члено на Советот за експедитивност, 71-годишниот Мохамед Мирмохамади, кој починал во болница во Техеран, е првиот висок функционер во земјата што и подлегнал на болеста.
Во Иран има уште неколку функционери што се заболени од корона вирусот, меѓу кои се и потпретседателката Масумех Ебтекар, како и шефот на владиниот тим за борба со корона вирусот, Ираџ Харирчи, кој пред да се разбоели, се обидуваше да ги намали последиците од епидемијата.
Во Иран има 978 потврдени случаи на заразени со корона вирус, а до сега починале 54 луѓе.