Свет 26. март 2020. / 13:24

Корона-кризата кај Германците предизвикува поголем песимизам за иднината од изградбата на Берлинскиот ѕид

Корона-кризата кај Германците предизвикува поголем песимизам за иднината од изградбата на Берлинскиот ѕид

Според истражувањата на „Аленсбах институт“ за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ), пандемијата на корона вирусот предизвикува огромен песимизам кај Германците. Бројките од истражуавњето покажуваат дека само 24 отсто од Германците со оптимизам гледаат на наредните 12 месеци.

Во седум децении, колку што институтот редовно спроведува истражувања за расположението на граѓаните на Германија, односно нивниот поглед на иднината, овие бројки никогаш не биле пониски.

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 кај Германците предизвикува поголем песимизам од изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година, две нафтени кризи во седумдесетите години или, пак, терористичките напада на САД на 11 септември 2001 година.

Друго истражување покажува дека во борба со корона вирусот две третини од Германците сметаат дека ќе бидат неопходни натамошни ограничувања на личната слобода.

Досега во Германија се потврдени 36.508 заразени со корона вирусот, а досега се починати 198 луѓе. Само во последното деноноќие тие бројки се зголемени за 4.994 заразени и 50 починати.