Свет

Користеле 200 килограми експлозив: За неколку секунди срушен огромен мост (ВИДЕО)

Користеле 200 килограми експлозив: За неколку секунди срушен огромен мост (ВИДЕО)

Со контролирана експлозија уништен е висечкиот мост Чирајара во Колумбија, откако претходно во загинаа девет лица, пренесе новинската агенција Анадолија.

Висечкиот мост Чирајара, долг 446 метри, требало да ја спои делницата на патот меѓу главниот град Богота и градот Вилавиценицио. Работите на мостот биле при крај, кога на 25 јануари беше срушен северниот дел од мостот. Во несреќата загинале најмалку девет работници.

Потоа донесена е одлука, висечкиот мост да се сруши целосно, а тоа е направено со конторлирана експлозија и користено е 200 килограми експлозив.

Мостот бил срушен за само неколку секунди.

Според истрагата, мостот морал да се сруши поради непоправлива грешка во дизајнот.