Колумбискиот министер за одбрана, Карлос Олмес Трухиљо почина како резултат на Ковид-19, соопшти владата на таа земја.
На почетокот на јануари беше објавено дека министерот Трухиљо е заразен со коронавирус и дека е примен на лекување во одделот за интензивна нега, пренесува Ројтерс.