Свет 04. мај 2020. / 19:15

Контролите на германската граница продолжуваат до 15 мај

Контролите на германската граница продолжуваат до 15 мај

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи во понеделникот изјави дека контролите на германските граници ќе бидат продолжени до 15 мај со цел да се запре понатамошното ширење на корона вирусот во земјата.

Минатиот месец германското сојузно Министерство за внатрешни работи одлучи да ги продолжи проверките на границата со Австрија за дополнителни шест месеци.

Според последните информации, Германија регистрирала 54 дополнителни смртни случаи поврзани со Ковид-19 со што бројка на смртни случаи изнесува 6.848. Вкупно, 165.565 лица биле заразени, а, наводно, од нив оздравеле 130.600 лица.