Свет 09. јуни 2018. / 19:58

Конте: Важно е да се води дијалог со Русија

Конте: Важно е да се води дијалог со Русија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изрази надеж за можно најскоро враќање на Русија во групата Г-7.

– Италија смета дека е важно да се води дијалог со Русија, но тоа не значи дека (антируските санкции) можат да биде укинати од „денеска за утре“, нагласи Конте во рамки на Самитот на Г-7 во Ла Малбе.

Тој наведе дека земјите од Г-7 се согласни за неопходноста од модернизирање на меѓународниот трговски систем.