Свет 21. јуни 2019. / 19:49

Конгресот на САД бара Фејсбук да ја одложи „Либра”

Конгресот на САД бара Фејсбук да ја одложи „Либра”

Фејсбук официјално ја претстави својата криптовалута наречена Либра, која ја прави подружницата на Фејсбук, Калибра, а ќе се користи за плаќање преку апликациите на Фејсбук и ВацАп, а треба да почне да се употребува во 2020 година, пренесе Иновативност.

Само неколку часа по објавата претставници од владата и од Конгресот на САД побараа од Фејсбук да го одложо лансирањето на Либра се додека Конгресот не го испита проектот. Оттаму изјавија дека бараат од Фејсбук мораториум на какви било понатамошни чекори во развојот на криптовалутата се додека Конгресот и регулаторните агенции не добијат прилика да го испитаат целиот проект затоа што, како што велат, Фејсбук зад себе има „проблематично минато“.

Американските надлежни тела не сакаат да си го дозволат ризикот Фејсбук да ја стартува криптовалутата без претходна детална проверка. Тоа не значи дека владата на САД е рптови криптовалутата на Фејсбук, но се чини дека малку ќе одолговлекуваат се додека не им се разјасни какво влијание може да има Либра на американската економија, на даночниот систем и секако, на американските банки.