Свет 04. април 2020. / 10:33

Kонечно добра вест од Италија: Се излекува едногодишно бебе

Kонечно добра вест од Италија: Се излекува едногодишно бебе

Еден од првите и најмлади пациенти заразени од Ковид-19 во Италија, едногодишно бебе од Aoста целосно се излекува и е пуштено дома.

Детето и членови на неговото семејство се меѓу првите заразени случаи во тој регион, пренесуваат италијанските медиуми, додавајќи дека неговите мајка, баба и дедо  исто така се излечени.

Во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот бројот на позитивни случаи надмина 119.000, а тој вирус однесе повеќе од 14.000 животи.