Свет 28. мај 2019. / 19:55

Комуникацискиот стратег на Тони Блер исклучен од Лабуристичката партија

Комуникацискиот стратег на Тони Блер исклучен од Лабуристичката партија

Алистер Кемпбел, поранешниот шеф за комуникации на Тони Блер, беше исклучен од Лабуристичката партија поради тоа што рекол дека на европските избори гласал за Либералните Демократи, бидејќи поддржуваат втор референдум за Брегзит, пренесе Гардијан.

Кемпбел рече дека е тажен и разочаран за неговото исклучување, посебно на денот кога Лабуристичкото раководство изгледаше дека започна да поддржува друга Брегзит анкета, поради тешките услови во партијата.

Тој кажа дека откако се консултирал со адвокат, ќе се жали за одлуката за негово исклучување.

– Јас сум и секогаш ќе бидам Лабурист. – напиша тој на Твитер и додаде дека галсал за Либералните Демократи, со цел да ги убеди Лабуристите да започнат да се движат во правилна насока.

Инаку Кампбел има свои поддржувачи во партијата кои исто така сметаат дека на земјата и е потребен втор референдум за членството во Европската Унија.