Свет 19. декември 2019. / 12:39

Комбе удрило во камион па се запалило – деветмина загинати во сообраќајка во Мексико

Комбе удрило во камион па се запалило – деветмина загинати во сообраќајка во Мексико

Најмалку девет луѓе загинале, а 12 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во западниот дел на Мексико.

Службата за цивилна одбрана во сојузната држава Халиско соопшти дека несреќата се случила кога комбе удрило во камион паркиран покрај патот, по што се запалило.

Се стравува дека бројот на загинати може да порасне бидејќи поголем број од повредените се во критична состојба.