Свет 23. јануари 2020. / 21:15

Колона од стотици мигранти на пат кон САД од Гватемала влегоа во Мексико

Колона од стотици мигранти на пат кон САД од Гватемала влегоа во Мексико

Стотици луѓе, мигранти од Централна Америка, ја преминале границата на Гватемала со Мексико.

Колоната на мигрантите се упатила кон јужниот мексикански град Тапачула, откако ја премина реката Сучиате, која ги дели Мексико и Гватемала.

Мексиканските безбедносни сили ги забележале мигрантите, но не интервенирале.

Некои од мигрантите добиле обрасци за да побараат азил во мексиканската агенција за азил КОМАР.

Повеќето мигранти сакаат да одат во САД, но американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок на Мексико да донесе построги мерки за спречување на приливот на мигранти.