Свет 17. јули 2019. / 21:07

Колку всушност апликацијата „ФејсАп“ е безбедна?

Колку всушност апликацијата „ФејсАп“ е безбедна?

На Фејсбук деновиве кружи апликацијата ФејсАп која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години.

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простост без вие да имате право да се противите или забранувате.

Она што не го знаат корисниците е следното: Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!