Во Европа досега се регистрирани близу 16 милиони случаи на заразени со коронавирусот додека во истовреме починаа околу 355.000 луѓе, изјави Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.
– Сепак, се проценува дека околу 60 проценти од луѓето во Европа носат маски, можеби и помалку, па затоа е тешко да се избегнат рестриктивните мерки, рече Клуге.
Во Европа се евидентирани 28 проценти од пријавените случаи и 26 проценти на смртни случаи, а над 80 проценти од европските земји забележале зголемување на бројот на заразени на 100.000 жители.
– Како резултат на тоа, гледаме здравствени системи пред распаѓање. Франција за само десет дена ги пополни капацитетите за интензивна нега на 95 проценти, а во Швајцарија единиците за интензивна нега се полни. Во последните две недели, бројот на смртни случаи е зголемен за 18 проценти. Ако минатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека од коронавирусот во Европа умира по едно лице на секои 17 секунди. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи, рече Клуге.
Тој додаде и дека треба да се почитуваат рестриктивните мерки бидејќи така се намалува ризикот од ширењето на оваа пандемија.