Свет 22. јуни 2018. / 21:20

Клинтон: Путин води ксенофобичното движење кое има за цел да им наштети на САД

Клинтон: Путин води ксенофобичното движење кое има за цел да им наштети на САД

Рускиот претседател Владимир Путин се позиционира како лидер на ксенофобично движење, кое сака да ги ослаби традиционалните сојузи на САД и да ја поткопа демократијата, изјави поранешната кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон.

Според Клинтон, руската интервенција во претседателските избори во 2016 година, кои таа ги изгуби од Доналд Трамп, била „очигледна и непосредна опасност за западната демократија”.

Специјалниот обвинител Роберт Малер ги истражува тврдењата за интервенција на Русија во изборите од 2016 година. Москва ги негира тврдењата на американските разузнавачки служби дека се мешала во изборите, а Трамп негира заговор со Русија.

– Владимир Путин зазел позиција на лидер на авторитарно, бело супермациско и ксенофобично движење, кое сака да ја разбие ЕУ, да ослабне традиционалните сојузи на САД и да ја поткопа демократијата, рече Клинтон во предавање на колеџ во Даблин.