Свет 14. јули 2019. / 11:51

Ќерката на Трамп дојде во Црна Гора со луксузна јахта

Ќерката на Трамп дојде во Црна Гора со луксузна јахта

На ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, по се изгледа и се допаѓа Балканот.По посетата на Србија, таа замина во Црна Гора. Нејзината јахта била забележана во едно од најлуксузните летувалишта во Црна Гора – Порто Монтенегро во Тиват.

Оттаму потврдуваат дека високата гостинка е дојдена кај нив, но оти не е дојдена приватно на одмор, туку поради некоја важна градежна инвестиција.