Еден од највлијателните британски политичари, првиот градоначалник муслиман на Лондон, Садик Кан заговара одржување на нов референдум за Брегзитот.
Кан повика на одржување на нов референдум на кој Британците ќе се изјаснат уште еднаш дали се за излегување од Европската Унија. Тој предупреди дека Британија е во опасност да излезе од ЕУ без постигнат договор.
Во колумна во ,,Обсервер” , објавена доцна синоќа , кан напиша дека времето бргу минува додека владата на Тереза меј изгледа неподготвена и недорасната за ситуацијата.
Со непостигнувањето договор за Брегзит или со лош договор би можело да се случи Британците да загубат околу 500 000 работни места, а полицијата да се подготви за големи протести од незадоволните граѓани.
Кан нема директна поврзаност со процесот на Брегзит , но затоа важи за еден од навлијателните политичари во Британија.