Свет 28. јуни 2020. / 09:45

Кинезите ќе тестираат за Ковид-19 во мобилна лабораторија на надувување

Кинезите ќе тестираат за Ковид-19 во мобилна лабораторија на надувување

Во Пекинг е пуштена во работа мобилна лабораторија на надувување за тестирање на вирусот Ковид-19.

Kапацитетот на оваа мобилна лаборатија е 30.000 тестови дневно и таа е поставена во спортски центар во областа Дасинг во Пекинг.

Лабораторијата, наречена „Огнено око“, има девет комори на надувување, од кои три се користат за примање примероци, а во другите шест комори има 14 автоматски машини за тестирање на Ковид-19.

Секоја машина може да тестира 96 примероци истовремено.

Работата на лабораторија од ваков вид значително ќе ја зголеми ефикасноста на тестовите за нуклеинска киселина – изјави Лиу Син, претставник на кинеската компанија за биолошка технологија и геномика БГИ.