Свет 05. декември 2019. / 20:30

Кинeски одговор за НАТО: Ние сме мирољубива држава

Кинeски одговор за НАТО: Ние сме мирољубива држава

Американскиот унилатерализам им се заканува на државите од НАТО, а Кина е мирољубува сила, порача кинеската Влада.

Ваквата кинеска реакција доаѓа откако за време на самитот на НАТО, 29-те земји членки усвоија заедничка декларација во која за првпат зголемувањето на воената сила на Кина го оценија како предизвик.

Во одговорот на декларацијата, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунин, изјави дека растењето на кинеската моќ е производ на една мирољубива сила.

Без да ги споменува САД, таа изрази убеденост дека унилатерализмот и заплашувањето се поголема закана за светот.

– Дури и самите сојузници на Америка стануваат жртва на оваа закана – изјави портпаролката Хуа.