Анимирана серија за животот и делото на Карл Маркс, онлајн, ќе биде прикажувана во Кина, со целосна поддршка од Пекинг, пренесуваат медиумите.
Серијата “Лидерот”, во која се раскажува приказната за германскиот филозоф и социјален револуционер, ќе биде прикажана на Bilibili.com наскоро, соопштија во вторникот од компанијата.
Од Билибили кажа дека продукцијата беше нарачана од централната владина канцеларија за Марксизам, во соработка со властите на Инер Монголија; Вајминг Култур Медија, која е базирана на религија; и компанијата за анимации Донгмантанг.
Во соопштението не пишува колку епизоди ќе има серијата или кога точно ќе излезе, но кажаа дека е креирана за да одбележи 200 години од раѓањето на Маркс.
Коавторот на Комунистичкиот Манифест е роден во мај 1818 година и политичките теории кои ги разви имаат силно влијание врз кинеската владејачка партија до ден денес.