Кина не планира да учествува во какви било трилатерални преговори за нуклеарно разоружување со Русија и САД, откри во вторникот Хуа Чунинг, портпарол на Министерството за надворешни работи во Пекинг.
Хуа рече дека причина за одлуката на Кина е наводниот обид на Вашингтон да „ја префрли одговорноста на другите“, бидејќи Соединетите држави веќе се повлекоа или ги занемарија своите заложби од Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), Договор за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), Договорот за трговија со оружје (АТТ) и Договор за отворено небо.
Според Хуа, апсурдно е кога официјален претставник на таква земја зборува за „преговори со добра волја“.