Неколку дена по многу други земји, Кина конечно им честиташе на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и на новоизбраната потпретседателката Камала Харис за победата на изборите во САД.
„Ние го почитуваме изборот на американскиот народ. Им честитаме на господинот Бајден и г-ѓа Харис. Во исто време разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат потврдени врз основа на законите и процедурите на САД“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин на редовната прес-конференција.
Кинеското Министерство за надворешни работи претходно се воздржуваше од честитики, велејќи само дека го „забележале“ тврдењето на Бајден за победа.
Кинеските аналитичари за надворешна политика го образложија ставот како став на претпазливост.