Свет 24. декември 2019. / 11:15

Кина, Јапонија и Јужна Кореја на состанок посветен на Северна Кореја

Кина, Јапонија и Јужна Кореја на состанок посветен на Северна Кореја

Лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја на трилатералната средба повторија дека остануваат посветени да стават крај на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Покрај Северна Кореја, кинескиот и јапонскиот премиер Ли Кечијанг и Шинзо Абе и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин разговараа и за слободна трговија и економска соработка.

Ли, Абе и Мун се согласија дека дијалогот и консултациите се единствен ефикасен начин да се решат проблемите на Корејскиот Полуостров.

– Нашите три земји се подготвени да работат заедно со меѓународната заедница за да го решат прашањето за Корејскиот Полуостров на политички начин – истакна Ли на заедничката прес-конференција.

Трилатералните средби на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се одржуваат од 1997 година кога се случи големата азиска финансиска криза. Трите земји имаат 24 отсто од светската трговија, економски добро се поврзани, а минатата година трговската размена помеѓу нив изнесуваше 720 милијарди долари.