Свет 06. февруари 2020. / 15:00

Кина ја отвори втората болница за заразени од корона вирусот

Кина ја отвори втората болница за заразени од корона вирусот

Кина ја заврши изградбата на втората болница во Вухан за изолација и лекување на пациенти од корона вирусот, од кој досега починаа повеќе од 560 луѓе.

Се очекува наскоро да почне тестирање на новиот антивирусен лек врз прва група пациенти.

Луѓето со полесни симптоми се префрлени во импровизирани болници во спортски центри, изложбени сали и други јавни простори.

Здравствениот систем во градот Вухан, каде што првпат беше откриена епидемијата во декември минатата година, е „окупиран“ од илјадници заболени.

Новата болница со 1.500 кревети, специјално изградена за пациенти кои се заразени со корона вирус, е отворена неколку дена откако првата изградена болница со 1.000 кревети со монтажни одделенија и простории за карантин почна да прима пациенти.

Вухан има уште 132 локации за карантин со повеќе од 12.500 кревети.

Кинеските здравствени власти официјално пријавија 563 смртни случаи и 28.018 заразени лица.