Свет 15. февруари 2020. / 09:00

Кина известува за голем пад на новозаразени од корона вирусот

Кина известува за голем пад на новозаразени од корона вирусот

Кина денеска објави бројка од 2.641 нови случаи на заразени од корона вирус, што претставува голем пад од бројот на заразени во последните денови, откако се применува поинаков дијагностички метод.

Бројот на нови смртни случаи е зголемен за малку, 143 лица починале од вирисуот во изминатите 23 часа, со што вкупниот број на починати лица во Кина достигнаа 1.523.

Националната здравствена комисија соопшти дека вкупниот број на потврдени случаи кои се заразени од новиот корона вирус во земјата изнесува 66.492 лица.

КОВИД-19, е болест која произлегува од нова форма на корона вирус, кој се прошири во повеќе од 24 земји од декември кога се појавија првите инфекции во централна Кина.

Во Кина се воведени драстични мерки за запирање на епидемијата. Градови во провинцијата Хубеи, со повеќе од 60 милиони жители, ставени се во карантин. Во меѓувреме, на сите граѓани кои се враќаат во Пекинг од празниците им е наложено да бидат во карантин – или во сопствениот дом или да се подложат на 14-дневно колективно набљудување.