Кина има најмногу војници, Русија има најмногу тенкови, а Америка има најмодерни сателити. Но, кој има најголема сајбер моќ?
Повторно, одговорот на ова прашање е – Соединетите држави.
Буџетот за сајбер безбедност на земјата за фискалната 2020 година беше над 17 милијарди долари, а Националната агенција за безбедност (НСА), како и нејзината Агенција за разузнавање на сигнали, најверојатно ќе добијат над 10 милијарди долари.
Новиот национален индекс на сајбер моќ на Центарот „Белфер“ на Универзитетот Харвард рангира 30 земји според нивното ниво на амбиција и способност, пишува „Економист“.
Одбранбена сајбер моќ – можност да се предизвика штета во или преку компјутерски мрежи – е една од мерките.