Свет 21. јули 2020. / 13:43

Кина ги обвини САД за злоупотреба на мерките за контрола на извозот

Кина ги обвини САД за злоупотреба на мерките за контрола на извозот

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венблин денеска ги обвини САД за злоупотреба на мерките за контрола на извозот.

Тој реагира на извештаите дека, поради наводно спорно постапување на кинеските власти кон припадниците на тамошното малцинство Ујгури, Вашингтон ќе воведе санкции против 11 кинески компании.

Ванг на прес-конференција истакна дека Кина е силно против таквиот потег на САД и ќе бидат преземени сите потребни мерки за обезбедување легитимни права на кинеските фирми.