Свет 21. септември 2018. / 11:48

Кина бара од САД да се повлечат санкциите за кинеската армија

Кина бара од САД да се повлечат санкциите за кинеската армија

Кина бара од САД да се повлечат санкциите воведени за кинеската армија.

Министерството за надворешни работи на Кина денеска побара од САД да ги повлечат санкциите воведени за кинеската армија поради набавката на руски воени авиони и ракети земја – воздух.

Пораката до САД ја упати портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг.

Кина неодамна од Русија купи 10 авиони Сухој 35 и ракети С-400.

На мета на санкциите се најдоа и кинеското Одделение за развој на опрема и директорот Ли Шангфу поради „значителни трансакции“ со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“.

Американската администрација на црната листа стави уште 33 кинески државјани и субјекти кои соработуваат со руската армија и разузнавачката служба.

Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.