Свет 25. април 2020. / 20:33

Ким Јонг Ун во критична состојба и се бори за живот!

Ким Јонг Ун во критична состојба и се бори за живот!

Кина го испрати својот медицински тим во Северна Кореја за лидерот на земјата Ким Јонг Ун, кој е во сериозна состојба, јавуваат светските медиуми.

Состојбата му се влошила, откако тој бил подложен на операција на срцето на почетокот од овој месец.

Непотврдени извештаи, кои им се припишуваат на високи партиски извори во Пекинг, рекоа дека операцијата за вметнување на стент не се одвивала  добро, затоа што рацете на хирургот се треселе толку лошо.

Дејли Меил пишува за тешката сотојба во која се наоѓа лидерот на Северна Кореја, повикувајќи се на три извори блиски до севернокорејскиот врв на земјата.

Јапонските медиуми објавија дека Ким Јонг Ун е во „вегетативна состојба“ по операција на срцето, која била извршена на почетокот на овој месец.