Свет 31. декември 2019. / 10:14

Киев и Москва постигнаа нов договор за транзитот на руски гас низ Украина

Киев и Москва постигнаа нов договор за транзитот на руски гас низ Украина

Руските и украинските компании потпишаа финален петгодишен договор со кој гарантираат дека транзитот на руски гас за Европа ќе минува низ Украина, соопштија руската државна компанија „Газпром“ и украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Британските медиуми пренесуваат дека договорот е потпишан само 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.

-По пет дена непрекинати билатарални разговори во Виена, донесена е  конечната одлука и постигнат е конечен договор – соопшти генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Зеленски изрази задоволство од постигнатиот договор, додавајќи дека договорот со Русија може да биде продолжен за дополнителни 10 години.

-Европа знае дека нема да застанеме кога е во прашање енергетската безбедност. Украина од петгодишниот договор ќе има добивка од најмалку седум милијарди американски долари – порача Зеленски