Свет 18. октомври 2019. / 11:27

Киев ги усвои сите закони за амнестија за проруските бунтовници во рамките на договорите од Минск

Киев ги усвои сите закони за амнестија за проруските бунтовници  во рамките на договорите од Минск

Украина ги усвои сите закони за амнестија во рамките на договорите од Минкс и ќе почнат да се спроведуваат по изборите во Донбас, јави РИА Новости повикувајќи се на информација од Министерството за надворешни работи на Украина.

– Амнестијата може да се применува само по изборот на легитимни органи на власта во окупираните територи, односно по обновување на суверенитетот на Украина – изјави заменик министерот за надворешни работи Василиј Боднар.

Одлука за применување или неприменување амнестија ќе донесува судот.

На амнестија не подлежат лицата кои се прогласени за виновни за злосторства кои меѓународното право дефинира како воени. Амнестија нема да има и за лицата поврзани со падот на малезискиот „Боинг“.

Самопрогласената Народна Република Доњецк и Луганската Народна Република во повеќе наврати изјавија дека бараат целосна амнестија за учесниците во конфликтот во Донбас.