Свет 03. ноември 2019. / 22:52

Келн: Евакуација на 300 гости од свингерски клуб

Келн: Евакуација на 300 гости од  свингерски клуб

Во саботата вечерта околу 300 гости биле евакуирани од свингерски клуб во германскиот град Келн, откако бил вклучен алармот за јаглерод моноксид, соопшти Противпожарната служба. Двајца од гостите колабирале, а осуммина други, вклучувајќи и еден спасувач биле хоспитализирани.

Портпаролот на Противпожарната служба рекол дека кога пристигнале за да го проверат нивото на јаглерод моноксид во зградата, не било откриено ништо невообичаено, па на гостите им било дозволено да се вратат.

Забавата сепак, не продолжи, кажа тој.

Полицискиот портпарол рекол дека во понеделник ќе биде одлучено дали ќе има истрага за криминал.