Свет 21. јули 2020. / 14:26

Казна и до 600.000 евра за прекршување на мерките за карантин во Шпанија

Казна и до 600.000 евра за прекршување на мерките за карантин во Шпанија

Прекршувањето на правилата за карантин во шпанската покраина Екстрамадура може да бидат казнети и со неверојатни 600 илјади евра. Тоа е највисоката казна пропишана од локалната Влада за извршени непочитувања поврзани со санитарните и мерките за социјална дистанца.

За казната да достигне до оваа сума прекршокот треба да се смета за многу сериозен. Во случај на полесен прекршок, казната ќе изнесува 3.000 евра. Доколку прописно не се употребиува заштитна маска или таа не се става во простор за кој тоа е пропишано казната изнесува 100 евра. Притоа, се овозможува опцијата за брзо плаќање, при што казната може да биде намалена за 40%.

Ова се дел од мерките што во овој југозападен шпански регион стапуваат на сила неделава, а се однесуваат на контролирање на епидемијата на Ковид-19.

Мерките предвидуваат казна до 3.000 евра за тие што нема да ги почитуваат мерките за хигиена и превенција, како и за оние што живеат во дом со некој позитивен, а ќе го прекршат карантинот без оправдана причина поврзана со работата или здравјето.

Казна од 3.000 до 60.000 евра следува за одбивање соработка со властите за епидемиолошко следење на заразени и сомнителни случаи, додека предвидените казни од 60.000 до 600.000 евра се предвидени за постојано повторување на прекршоците и секое „опасно однесување што може да предизвика ризик или опасно влошување на јавното здравје“.

Ваквите казни може да бидат изречени како на поединци, така и на компании.