Тројца полицајци во Минеаполис, обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд, за прв пат беа изведени пред суд во четвртокот на кој им беше изречена кауција од 1 милион американски долари.
Службеникот Дерек Шавин, кој минатата недела насилно го уапси Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, со притискање на вратот со коленото скоро девет минути, по што Флојд почина, е обвинет за убиство без намера, или убиство од втор степен, додека тројца други полицајци кои учествувале во апсењето се обвинети за помагање и поттикнување убиство.
Кауцијата за тројцата полицајци ќе се намали на 750.000 под одредени услови, вклучително и губење на правото за носење лично оружје.
Полициските службеници Томас Лејн, Ј Александар Куенг и Ту Тао би можеле да бидат осудени на до 40 години затвор за тоа обвинение, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.
Шовин треба да се појави на суд на 8 јуни.
Смртта на 46-годишниот Џорџ Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност против Афроамериканците.