Каталонскиот парламент денеска усвои документ со кој ја изразува желбата за спроведување на правото на самоопределување, и покрај предупредувањето од Уставниот суд на Шпанија.
Документот е необврзувачки, односно повикува на политичка акција, но нема правно дејсто, изјави портпаролката на парламентот.
Шпанскиот Уставен суд ги предупреди каталонските пратеници дека ќе се соочат со правни последици доколку поддржат предлог во кој ќе се наведува дека парламентот изразил „ волја на конкретен начин да го спроведе правото на самоопределување и дека ја почитува волјата на каталонскиот народ“.