Свет 22. октомври 2019. / 14:44

Каталонија гори, Ел класико се уште на чекање

Каталонија гори, Ел класико се уште на чекање

Моментално најголемото дерби на светот, популарното Ел Класико, еднo е од жртвите на политичките немири во Каталонија, предизвикани од одлуката на судот во Шпанија кои осуди на повеќегодишни, дури и децениски казни затвор 12 политички лидери на движењето за самоопределување, поточно отцепување.

Претстојниот викенд требаше да биде празник за „најважната споредна работа светот“, популарното „Ел класико“. Ноу Камп во сабота требаше да ги угости Кралевите од Мадрд, а светот на спортот во тие два часа игра да застане и да гледа без да трепне.

Но, ништо од тоа, бидејќи натпреварот од 10-тата рунда во Премиера мора да биде одложен заради „политичките тензии“, а кога би се одржал не се знае. Барселона веднаш застана зад Каталонија, чии симбол го носи, додека е и јасно зад кого стои Кралскиот клуб.

Едноставно, тоа се сега два света кои не треба да се мешаат додека на улиците се случуваат протести кои завршуваат со апсења и повредени демонстранти и полицајци. А, фудбалот во такци ситуации е „повеќе од обична игра“.

Засега, неофицијално, се наведуваат два датуми, 4 и 18 декември. Вториот им одговара и на Реал и на Барса, но проблемот е во тоа што на тој датум се игра Купот на кралевите.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија наред им нареди на клубовите да се изјаснат до понеделник, односно до вчера, но ниту едните ниту другите не дадоа мислење, а очигледно дека и Фудбалскиот сојуз нема никакво влијание врз нејзините два најголеми клубови, па сега состојбата е навистина чудна.

Иако, фудбалот и Ел Класико сега се најмалку важни, бидејќи најважно е да се најде добро решение за Каталонија и ситуацијата да се смири додека не ескалирала толку многуи што нема враќање назад во преговорите.