Свет 22. јуни 2018. / 16:29

Каталонија ги прекинува врските со шпанското кралско семејство

Каталонија ги прекинува врските со шпанското кралско семејство

Новиот краталонски претседател Ким Тора изјави дека неговата регионална влада нема да ги повика членовите на шпанското кралско семејство на ниту едно официјално случување.

Тора додаде дека и тој нема да испрати свои претставници на случувањата кои ги организира монархијата.

Регионалната влада оваа одлука ја донела зашто кралот Фелипе VI одбива да ја разгледа можноста богатиот регион Каталонија да се одвои од Шпанија.

Тора и другите каталонски претставници бараат од шпанската влада во Мадрид да го почитува едностраното прогласување на независност.

Кралот Фелипе VI исто така не ја признава каталонската независност. Во соопштенито од Барселона, Тора порача дека Каталонците не се поданици, туку граѓани.

Тора би требало да се состане со новиот шпански премиер, Педро Санчез на 9. јули.