Лидерот на шпанската опозициска Народна партија, Пабло Касадо, го обвини премиерот Педро Санчез дека е „мек” кон каталонскиот претседател Ким Тора.
Касадо го обвини премиерот дека е мек кон Тора кој сакал, како што рече „крвопролевање и граѓанска војна”.
Ваквата изјава беше дадена за време на дебатата одржана во шпанскиот Парламент, на последната седница на оваа година, пренесуваат шппанските медиуми.
Касадо го критикуваше Санчез и поради тоа што тој го молел Тора в четврток да одржат состанок.
– Тора го напаѓа срцето на шпанската држава и сака крвопролевање и граѓанската војна – рече Касадо, додавајќи дека Тора е човек кој сака да тенкови на улиците.