Суд во Брисел по вторпат го одложи случајот за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон и двајца негови соработници, коишто се обвинети од шпанските власти за поттикнување бунт.
– Судските сослушувањасе одложени. Судот ги слушна нашите аргументи и одлучи да го одложи случајот до 3 февруари – изјави претставник на правниот тим на Пуџдемон.
Како дел од овој процес, белгискиот суд мора да одлучи дали ќе ги почитува трите европски налози за апсење, издадени од страна на Врховниот суд на Шпанија против Пуџдемон и поранешните членови на каталонската влада, Антони Комина и Луис Пуч.