Тропската бура Доријан донесе дождови во источниот дел од Карипските Острови и се движи кон Порторико и источниот дел на Доминиканска Република.
Американскиот Национален центар за урагани издаде предупредување од појава на тропска бура на Мартиник, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини.
Центарот наведе дека ветровите се движат со околу 85 километри на час и според прогнозите во следните 48 часа ќе се интензивираат пред бурата да стигне до американска територија.
– Доријан ќе се претвори во ураган кога ќе се приближи до Порторико и источниот дел на Хаити – се наведува во соопштението од американскиот Национален центар за урагани.
Се очекува бурата да донесе од обилни дождови на Карипските Острови, додека премиерката на Барбадос, Миа Мотли нареди затворање на училиштата и владините канцеларии.